logo
logo
logo

ПРЕРАНО ПОЧИНА: Посмртните останки на Душко Чифлиганец во 14.00 часот во „Свети Јован Крстител“ во Аеродром

Vecer | 05.08.2025

ПРЕРАНО ПОЧИНА: Посмртните останки на Душко Чифлиганец во 14.00 часот во „Свети Јован Крстител“ во Аеродром

Групацијата Адора објави дека денес ќе започне погребната церемонија за прерано починатиот, младиот бизнисмен Душко Чифлиганец кој загина во мототрка во Чешка.

Посмртните останки ќе бидат изложени во 14.00 часот во храмот „Свети Јован Крстител“ во Аеродром каде што ктитор е семејството Чифлиганец, а опелото ќе го предводи поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепикопот Стефан.

„На 3 август 2025, на 32 години, трагично го загубивме Душко Чифлиганец – заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата. Почина во спортска сообраќајна несреќа.

Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност. Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, акционерство, хотелиерство и фасилити.

Дипломиран економист од American University in Dubai, кариерата ја почна со сопствена компанија за здрава исхрана.

Негов потпис носат проекти како:

• Adora Flatiron Skopje (2017)

• Diamond Garden by Adora (2018)

• 21st Century Zlatibor Residence & Spa (2023)

• Влез на Адора во енергетика (2021)

Во 2024 започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но за жал – не успеа да го доврши.

Започна со основање на инвестициски фонд и остави трага на Вол Стрит преку Prime Capital by Adora, прва македонска компанија акредитирана од New York SEC.

Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање детска градинка во Златибор.

Покрај деловниот успех, Душко беше и страстен спортист – добитник на бројни награди во мото спортот, вклучувајќи и европска титула, со што ја направи Македонија горда на меѓународната сцена“, објави компанијата во омажот за Душко Чифлиганец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk