logo
logo
logo

„Проголта“ полицаец за дел од секунда- чудо пред Ноќта на вештерките во САД (ВИДЕО)

Vecer | 17.10.2024

„Проголта“ полицаец за дел од секунда- чудо пред Ноќта на вештерките во САД (ВИДЕО)

Оваа необична работа се случила во понеделникот и била снимена со камера, пренесува Мундо.

Според полицијата, џиновската тиква се отцепила од имотот украсен за Ноќта на вештерките и „избегала“ на улица.

Полицајци отишле на локацијата за да го отстранат балонот од средината на патот. Меѓутоа, еден од полицајците на крајот бил „проголтан“ од тиквата која се тресела од силината на ветрот.

Со помош на локалните жители, полицијата успеала да му го врати балонот на сопственикот.

„Проголтаниот“ полицаец не е повреден. Ноќта на вештерките е традиционален фестивал во САД кој се слави секоја година на 31 октомври.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk