logo
logo
logo

Прошетка се претворила во невиден успех- жена пронашла богатство, старо илјада години во шума

Vecer | 10.04.2025

Прошетка се претворила во невиден успех- жена пронашла богатство, старо илјада години во шума

Повеќе од 2.000 сребрени монети, познати како денарии, биле во оштетен керамички сад. Научниците го нарекоа откритието „едно од најзначајните во последните 10 години“.

Идентитетот останува мистерија

„Веројатно биле оставени во шумата во првата четвртина на 12 век, кога во земјата владеела политичка нестабилност. Во тоа време, членовите на кралската династија Пшемисл воделе спорови меѓу себе, сакајќи да го заземат тронот во Прага“, вели археологот Филип Велимски.

Сопственикот ги сокрил монетите во керамички сад, но никогаш не ги подигнал. Неговиот идентитет останува непознат, а научниците истакнуваат дека тој не можел да биде кој било.

„За жал, ни недостигаат податоци за куповната моќ на преминот од 11 до 12 век. Сепак, количината на монети кои беа пронајдени имаа огромна вредност во тоа време и беше незамислива за обичен човек. Можеме да го споредиме со добивката на милиони на лотарија“, додаде Велимски.

Плати на војници или воен плен?

Областа околу градот Кутна Хора е позната по древните битки, а низ него во минатото марширале различни војски, пренесува Popular Mechanics.

Експертите веруваат дека монетите најверојатно биле наменети за плаќање војници или биле еден вид „воен плен“.

Првичните анализи покажуваат дека тие се направени на неколку локации низ денешна Централна Чешка. Научниците открија легура на сребро, која вклучува бакар, олово и други метали во трагови.

Иако веројатно никогаш нема да ја дознаат нивната вистинска цел или потекло, експертите се решени да откријат што е можно повеќе детали. По анализа и реставрација, колекцијата ќе биде изложена како илустрација на историјата на Чешка од 12 век.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk