logo
logo
logo

РАБОТАТА СОЗДАВА СТРЕС, така сметаат повеќето работници

Vecer | 06.02.2025

РАБОТАТА СОЗДАВА СТРЕС, така сметаат повеќето работници

Според истражувањето спроведено од истражувачкиот центар Толуна, 61 отсто од испитаниците веруваат дека работата е извор на стрес, додека 22 отсто сметаат дека нивната професионална активност негативно влијае на нивното ментално здравје.

Во исто време, 74 отсто од вработените својата работа ја гледаат како можност за напредување. Истражувањето покажа дека жените се повеќе погодени од стресот, особено оние на возраст меѓу 45 и 54 години, при што 72 отсто од нив изјавиле дека нивната работа ја сметаат за извор на стрес, наспроти 57 отсто од мажите на иста возраст, објави денеска француската телевизија BFM.

„За да го објасниме ова, очигледно ја имаме хипотезата за товарот на семејството, кој го носат главно жените“, вели Јохан Марсет, извршен директор на Meaning at Work.

Испитаниците генерално ги идентификувале најчестите ризици за менталното здравје на работа, при што 21 отсто наведуваат губење на значењето и досада, додека 22 отсто рекле дека веруваат дека нивната професионална активност негативно влијае на нивното ментално здравје.

Марсет, исто така, рече дека постарите вработени се чувствуваат маргинализирани и дека во 2024 година, само четвртина од оние над 55 добиле интервју или повратни информации од нивниот менаџер со цел да им помогнат да напредуваат.

Во анкетата вработените изразиле потреба од автономија во извршувањето на задачите – 46 отсто од нив, и рамнотежа меѓу професионалниот и личниот живот – 34 отсто.

Скоро осум од десет испитаници рекле дека би сакале да имаат корист од четиридневната работна недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk