logo
logo
logo

Родители се спуштаат по опасна карпа со мало дете, а немаат опрема: Овие не се нормални (ВИДЕО)

Vecer | 11.07.2024

Родители се спуштаат по опасна карпа со мало дете, а немаат опрема: Овие не се нормални (ВИДЕО)

Забележал маж кој држи дете во раце, додека се спуштал по стрмна карпа, без заштитна опрема. Зад него одела жена.

Не е јасно дали случајно или намерно завршиле на Виа Ферата, но за среќа сѐ завршило без последици, пренесува il Dolomiti.

Оваа рута се наоѓа на нешто помалку од 3.000 метри надморска височина, а се карактеризира со остри карпи и незаштитени патеки.

"Види го ова! Тој е целосно луд, погледнете го ова луѓе. Со мало дете во раце. Тие се на речиси 3.000 метри и немаат безбедносна опрема, немаат ништо“, објави Луиџи Барточи.

На социјалните мрежи се појави уште едно видео, од истата локација, на кое се гледаат мајка и дете, најверојатно странски туристи.

Претседателот на локалната спасувачка служба, Валтер Каинели, предупреди на важноста од подготовката.

„Треба да имате опрема, да ја проверите временската прогноза и да разберете каде одите. Не треба да се плашите или да се срамите да се откажете и да се вратите назад, тоа е здрав разум. За жал, забележуваме тенденција за потценување на ризикот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk