logo
logo
logo

САД и Мајкрософт разоткрија руска хакерска група поврзана со ФСБ

Vecer | 03.10.2024

САД и Мајкрософт разоткрија руска хакерска група поврзана со ФСБ

Хакерска група поврзана со руската разузнавачка служба ФСБ се обидела да упадне во системите на десетици западни политички институти, новинари, поранешни воени и разузнавачки функционери, американски компании и Министерството за енергетика, што ги надгледува нуклеарните програми, соопштија денеска Мајкрософт и американските власти.

Групата, позната како Star Blizzard, таргетирала жртви преку е-пошта кои се чинело дека доаѓаат од доверлив извор, но всушност, тие пораки бараа пристап до внатрешните системи на жртвите како начин да се украдат информации и да се попречат нивните активности.

Американскиот суд ги отпечати документите што ги овластуваат Мајкрософт и Министерството за правда да запленуваат повеќе од 100 домени на сајтови поврзани со Star Blizzard. Таа акција уследи по тужбата поднесена против неа од страна на Мајкрософт и Центарот за споделување и анализа на информации, непрофитна технолошка организација што го истражуваше Star Blizzard.

Властите не навлегуваа во детали за ефикасноста на Star Blizzard, но рекоа дека очекуваат Русија да продолжи да користи хакерски и кибер напади против САД и нивните сојузници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk