logo
logo
logo

Самохрана мајка од Британија и нејзиното бебе за малку избегнале трагедија (ФОТО)

Vecer | 27.01.2025

Самохрана мајка од Британија и нејзиното бебе за малку избегнале трагедија (ФОТО)

Кога пристигнала, го нашла домот уништен. Срушен бил преградниот ѕид помеѓу кујната и дневната соба, а таа останала без мебел, апарати, облека и други работи, пренесува LadBible.

 „Ми рекоа дека куќата гори, а јас мислев дека се шегуваат“, изјави таа за локалните медиуми.

За жал, пожарот бил реален, а самохраната мајка останала без сѐ што создала низ годините.

За среќа, таа не била дома кога пламенот ја зафатил кујната, а потоа и останатите простории во приземјето. Истото важи и за нејзината 15-месечна ќерка Френки.

„Пожарникарите ми кажаа дека експлодирала фритеза, а можеби и штекер бил неисправен. Сè се стопи, па не се сигурни. Не го очекував ова, секогаш проверувам дали уредите се исклучени“, рече таа.

Таа со тага изјавува дека „загубила сѐ“ во пожарот, но дека е среќна што немало никој во куќата.

„Јас сум целосно шокирана. Плачев со часови, целосно скршена“, рече таа.

Енџел се соочува со голем проблем, бидејќи не е осигурана, а таа е принудена да се врати во куќата на нејзината мајка додека нејзината куќа се реновира.

„Не зедов осигурување, едноставно не размислував за тоа. Сето ова изгледа како сон“, рече таа.

Таа отворила страница GoFundMe и ги замолила своите сограѓани да ѝ помогнат да ја обнови куќата, каде што живеела со нејзината ќерка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk