logo
logo
logo

Си истетовирал ананас заради омилената серија, па кога го дознал значењето ОСТАНАЛ БЕЗ ЗДИВ!

Vecer | 14.02.2025

Си истетовирал ананас заради омилената серија, па кога го дознал значењето ОСТАНАЛ БЕЗ ЗДИВ!

Неуспехот на една тетоважа може да биде добра забава за интернет екипата, но секако не е забавно за сопствениците кога ќе завршат со траен потсетник за нивната непромисленост. Еден од нив е корисник на Редит, а кој стана вирален минатата година, а неговата приказна сè уште засмева многумина.

Имено, тој решил љубовта кон ТВ-серијата да ја овековечи со мастило на својата кожа, за подоцна да открие дека таа има сосема поинакво значење. Човекот, кој ја сподели својата приказна на Редит, бил голем обожавател на серијата „Psych“, која се емитуваше од 2006 до 2014 година. Серијата го следи детективот Шон Спенсер кој ги убедува луѓето дека поседува психички способности. Еден од заштитните знаци на серијата е ананасот, симбол кој стана дел од митологијата „Psych“ откако актер импровизираше сцена со овошјето во пилот епизодата. Оттогаш, ананасот се појавува во речиси секоја епизода и стана препознатлив мотив меѓу обожавателите на серијата.

Неочекувано значење на симболите

Маж од Редит се одлучил за тетоважа со ананас на своето тело, заедно со цитат од серијата „I know you know“ (во превод: „Знам дека знаеш“). Но, она што тој не го знаел е дека превртениот ананас е глобален симбол за свингерите - луѓе кои практикуваат отворени врски. Според урбаните легенди, ананас надвор од нечија куќа сигнализира дека внатре се одржува свингерска забава. Сфаќајќи го потенцијално непријатното значење на неговата тетоважа, мажот решил да побара совет за можни измени.

"Долга приказна накусо, ова е повикување на „Psych“ што едноставно ја обожавам, но во исто време тоа е 100 проценти симбол на свингери (упс). Не бев свесен за тоа во времето на правењето на тетоважата, но, за жал, јас не сум дел од тој свет. Некој совет? Размислувам да го задржам ананасот, но натписот мора да исчезне", напишал тој во објавата.

Имало неколку забавни совети.

Корисниците на Редит веднаш реагирале со духовити предлози: „Додади „но јас не сум свингер“ под натписот“, „Додај го зборот Psych“, „Цитатот само прави сè полошо“, велат некои. По дискусијата, човекот се јавил и рекол дека сепак нема да ја прикрие тетоважата.

Како би постапиле вие?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk