logo
logo
logo

Скопјанец не може да извади лични документи оти семејството му го одјавило живеалиштето

Vecer | 15.09.2024

Скопјанец не може да извади лични документи оти семејството му го одјавило живеалиштето

По закажувањето на термин за нови документи заминал за замена на нови документи во полиција и дознал дека неговото семејство го одјавиле од адресата на живеење. И дека не може да извади документи ако нема адреса на живеење. Во претходните документи тој ја имал адресата но по разводот со неговата сопруга тој заминал од домот каде останале поранешната сопруга и децата.

Скопјанецот сакаше да остане анонимен, но барајќи ја правдата неделниот ден го помина во Канал 5. Раскажувајќи ја маката и проблемот верувајќи дека ќе најде решение за неговиот проблем. Тој не знае како како прв наследник на имотот од неговиот татко некоја институција го избришала целосно од правото на имот.

Според законот за вадење на лична карта предвидува дека доколку граѓанинот го промени живеалиштето или податоците од личната карта во тој случај мора во рок од 15 дена да побараат менување на живеалиштето и издавање нова лична карта, а притоа е потребно граѓанинот да приложи документ со кој ја докажува промената. Во случај ако лицетот е бездомник земањето податоци за биометриските карактеристики за бездомникот се врши во присуство на службено лице од центарот за социјални работи. За бездомник се смета граѓанин кој нема место и адреса на живеење и средства со кои би можел да ја задоволи потребата од домување. Проблемот со нашиот соговорник  е дека без документи ќе го изгуби и работното место.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk