logo
logo
logo

Сопружници преживеале три дена во дивината на Австралија: Нѐ прогонуваа гладни крокодили

Vecer | 10.12.2024

Сопружници преживеале три дена во дивината на Австралија: Нѐ прогонуваа гладни крокодили

Двојката, на возраст од околу 50 години, патувале од Нормантон, Квинсленд, кога нивното возило било однесено од поплава. Тие останале без превоз и храна, изгубени во темнината - и без начин да повикаат помош.

Брачниот пар се движел по оддалечен пат кога поројот го „преплави“ возилото. Успеале да излезат, но останале без своите работи. Тие биле принудени да пијат матна речна вода, да поднесуваат безмилосни инсекти и температури над 40 степени Целзиусови.

Сепак, најлошото било што морале, како што откриле, да се чуваат од крвожедни и гладни крокодили, па од гранки направиле импровизирано скривалиште, пишува Дејли Стар.

По три дена, неименуваните сопружници изгубиле надеж дека ќе бидат спасени.

 „Овие луѓе се предадоа на судбината. Го видовме изгледот на нивните лица кога нѐ видоа. Не веруваа дека ќе дојдеме“, изјави Мајкл Адаир, пилот на компанијата „LifeFlight“ кој помагал во спасувањето на изгубените во дивината.

Тој го опиша моментот кога ја пронашле исцрпената двојка во австралиската дивина.

„Ни рекоа: „Фала му на Бога што беа таму, не мислевме дека некој доаѓа по нас“. Жената открила дека слушала гласови во грмушките, како да халуцинирала. Беше многу емотивна кога стигнавме, веднаш нѐ прегрна“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk