„Теоретски, двете деца би можеле да бидат репродуктивно зрели“, вели локалниот педијатар Николај Скоробогатов. Урологот Евгениј Греков не се согласува и тврди дека малиот Иван не можел да стане татко на 10 години.
„Три пати ги проверувавме наодите за да нема грешка. Нема гамети, сè уште е дете. Нема ни тестостерон и неговите гениталии се уште неразвиени. Сè уште не го достигнал пубертетот, па има многу чудни прашања“, рече тој.
Дарија тогаш не сакала да слушне за абортусот и тврдела дека таа и Иван спиеле само еднаш, кога тој бил сам дома.
„Откако го направивме тоа, ни беше срам, па се сокривме под прекривките“, рече таа. Набрзо почнала да чувствува мачнина, а кога мајка и ја однела на лекар, било откриено дека е бремена.
"Потоа призна дека спиела со Иван. Бев во шок, останав без зборови. Кога разговаравме рече дека не сака да абортира, а јас ја поддржувам", изјави нејзината мајка Елена, која беше исто така во времето во шоуто.
Иван и неговата мајка Галина во истата емисија изјавиле дека сакаат да бидат дел од растењето и воспитувањето на бебето, како и дека абортусот не е опција.
„Не знаев што да кажам кога слушнав дека мојот десетгодишен син ќе стане татко. Мислам дека не е ни свесен што се случило. Тој рече дека Дарија му понудила врска, не користеа заштита и очигледно е дека не ги разбраа последиците што можат да бидат“, рече таа.
И соседите се посомневале дека момчето е таткото
Руските медиуми во таа прилика се распрашувале и кај соседите кои тврдат дека се сомневаат дека момчето е таткото и дека сето тоа е само приказна со која сакаат да го наместат Иван со дете.
Од друга страна, идниот татко вели дека не се сомнева дека детето е негово.
„Дарија никогаш не била со никој друг, сигурен сум во тоа. Јас сум татко на нејзиното бебе“, цврсто рече тој.
Дарија стана инфлуенсер
Една година откако шокантната вест го обиколи светот, локалните медиуми почнаа да трагаат по родителите на малолетничката. Даша почна да ја користи својата новостекната слава за да привлече следбеници на социјалните мрежи.
Локалните медиуми јавуваат дека студентката се обидува да ги заработи своите сметки на социјалните мрежи за да стане инфлуенсер, како и дека сака да соработува со брендови и спонзори.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата