logo
logo
logo

Тинејџерката со најдолга коса на светот направи драстична промена (ВИДЕО)

Vecer | 03.09.2023

Тинејџерката со најдолга коса на светот направи драстична промена (ВИДЕО)

Нејзината коса беше долга околу два метри, што е многу подолго од нејзината височина.

Што се однесува до фризурите, таа најмногу носеше разни видови плетенки. За ова, таа дури ја освои Гинисовата книга на рекорди за „најдолга коса на тинејџерка“. Косата ја миела еднаш неделно бидејќи ѝ биле потребни 30 минути да ја исуши и еден час да ја исчешла.

Потоа ја негувала косата со масла подготвени од нејзината мајка. Составот на маслото го чува во тајност, тоа е семејно наследство. Во секојдневниот живот, рекордерката морала да ја носи косата собрана, за да не ѝ пречи во одењето и обичните активности.

Но, кога стана полнолетна, реши да направи драстична промена. Таа ја скрати косата во боб фризура, што тотално го промени нејзиниот изглед. Откако во 2021 година повторно ја освои наградата за најдолга коса на светот, Ниланши ги донираше своите прамени во музејот Рипли во Холивуд, пишува Дејли Стар.

- Косата ми даде многу, затоа станав позната како 'Златокоса од реалниот живот', а сега е време да се оддолжам - коментирала таа при донирањето за музејот.

- Ми се допаѓа мојата нова фризура. Се чувствувам горда што ќе ја испратам мојата коса во американски музеј, луѓето ќе ја видат и ќе се инспирираат – изјавила Ниланши.

Иако Ниланши повеќе не ја носи титулата „најдолга коса“, нејзината натпреварувачка страст останува. Неодамна таа се појави и на натпревари за убавина. Овој месец, таа го освои второто место на натпреварот за Мис нации за 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk