logo
logo
logo

Трамп на потсмев на социјалните мрежи: Знае ли да затвори чадор? (ВИДЕО)

Vecer | 13.04.2025

Трамп на потсмев на социјалните мрежи: Знае ли да затвори чадор? (ВИДЕО)

Додека се бореше со ветерот и дождот, американскиот претседател цврсто држеше голем црн чадор. Меѓутоа, кога се обидел да го внесе целосно отворениот чадор низ тесните врати на авионот, доживеал непријатен момент. Неговиот помошник му пришол на помош и го затворил, пренесе Ајриш Стар.

Коментарите не престануваат.

Социјалната мрежа  Х е преплавена со потсмев кон него. Многумина се убедени дека тој не знае да затвори чадор. „Сега знам зошто одиме кон рецесија. Типот е идиот“, напиша некој. „Глупав е“, „Мислам дека никогаш не затворил чадор“, „Овој човек е потсмев на светот“, „Мрзлив е да го затвори“, „Човекот на чело на државата не знае да ракува со чадор“, се само дел од коментарите.

Слична ситуација во 2018 година.

Овој момент многумина ги потсети на слична ситуација од 2018 година, кога Трамп само го фрли чадорот на пистата затоа што не успеа да го затвори пред да влезе во авионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk