logo
logo
logo

Црвените чевлички од „ Волшебникот од Оз“ се продадени за неверојатни 28 милиони долари

Vecer | 09.12.2024

Црвените чевлички од „ Волшебникот од Оз“ се продадени за неверојатни 28 милиони долари

Парот црвени чевли е еден од четирите преостанати пара од култниот филм „Волшебникот од Оз“ од 1939 година, во кој ги носела Џуди Гарланд, а кои некогаш биле украдени од музејот каде што се чувале.

Наддавањето за парот црвени чевли започнал од 1,55 милиони долари, а првично се проценувало дека ќе се продадат за повеќе од 3 милиони долари.

Heritage Auctions соопшти дека чевлите ја надминале проценетата сума во првите секунди од наддавањето и дека ниту еден друг пар црвени чевли не бил блиску до рекордната сума.

Еден пар бил продаден во 2000 година за 666.000 долари. Стивен Спилберг и Леонардо ди Каприо купиле уште еден пар за два милиони долари во 2000 година и го донирале на Музејот на филмската академија во Лос Анџелес.

Чевлите не беа единствениот предмет од „Волшебникот од Оз“ што се продаде вчера – капата на Злобната вештерка достигна цена од 2,9 милиони долари.

На вредноста на црвените обувки секако влијаело и тоа што во 2005 година биле украдени од музејот „Џуди Гарланд“ во Гранд Рапидс, Минесота. Седумдесет и седумгодишниот Тери Џон Мартин ја искршил витрината со чекан и ги грабнала.

Тие биле пронајдени дури 13 години подоцна кога ФБИ добиле дојава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk