Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите

Vecer | 22.11.2026

Удар врз тротинетите и електричните велосипеди,  во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Градскиот совет на Њујорк предложи закон според кој поседувањето или користењето батерии за електрични велосипеди и скутери што не ги исполнуваат безбедносните стандарди би се третирало како тешко кривично дело, а исто така би се забранило и чувањето на такви батерии во станови.

Градските власти предложија нови мерки поради порастот на бројот на пожари предизвикани од литиум-јонски батерии во станбените делови на Њујорк.

Според „Њујорк тајмс“, од почетокот на годината досега, бројот на вакви пожари е за околу 70 отсто поголем во споредба со истиот период минатата година.

Претставници од администрацијата на градоначалникот Зоран Мамдани, како и од Противпожарната служба на Њујорк, упатија критики кон предлозите за построги законски ограничувања. Тие наведуваат дека ваквите мерки би ги казниле луѓето што секојдневно користат електрични велосипеди и скутери за патување, како и доставувачите со ниски примања.

Извештај на Комисијата за безбедност на потрошувачки производи на САД, објавен во април, утврди дека во периодот од 2017 до 2024 година, во Соединетите Држави се случиле 45 смртни случаи поврзани со пожари предизвикани од литиум-јонски батерии.

Од нив, 19 се поврзани со електрични велосипеди, 15 со електрични тротинети, а 11 со самобалансирачки скутери, познати и како „ховерборди“. Проблемот е особено изразен во Њујорк, каде што бројот на пожари предизвикани од литиум-јонски батерии оваа година достигна рекордно ниво.

Според податоците на противпожарната служба, на кои се повикува Градскиот совет, до почетокот на ноември биле регистрирани 406 вакви пожари, во споредба со 241 пожар во истиот период минатата година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk