logo
logo
logo

Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници

Vecer | 22.05.2025

Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници

Британската влада ќе воведе употреба на лекови за потиснување на сексуалниот нагон кај сексуални престапници со цел да се намали ризикот од повторен прекршок и да се намали притисокот врз затворскиот систем, изјави денеска министерката за правда Шабана Махмуд.

Таканаречената хемиска кастрација ќе се користи во 20 затвори во два региона на земјата.

„Од суштинско значење е овој пристап да се имплементира заедно со психолошки интервенции насочени кон други причини за извршување на овие злосторства“, рече таа.

Иако беше посочено дека хемиската кастрација нема да биде ефикасна за некои сексуални престапници, Махмуд рече дека истражувањата покажуваат дека таа може да го намали повторувањето на кривично дело до 60 проценти.

Таа мерка се користи во Германија и Данска на доброволна основа, а во Полска е задолжителна за некои сторители на прекршоци.

Препораката за воведување на хемиска кастрација е дел од обемна ревизија на британскиот затворски систем предводена од поранешниот министер за правда Дејвид Гоук.

Гоук бараше начини за намалување на повторувањето кривични дела со цел да се олесни работењето на затворскиот систем што е речиси полн.

Новата министерка, Махмуд, ја одобри програмата на Гоук за предвремено ослободување на криминалци од затвор.

Ревизијата на Гоук предвидуваше укинување на казни помали од една година, освен во исклучителни случаи, како што е семејното насилство, и тој побара итна депортација на странци осудени на помалку од три години затвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk