Видеото беше објавено од корисник по име Ласи на 7 јуни 2023 година, покажувајќи црн екран и без звук, но луѓето масовно го лајкуваат и го споделуваат, пренесе Бизнис.
Причината за неговата огромна популарност останува целосна мистерија, а коментарите под видеото ја покажуваат збунетоста на корисниците на TikTok.
„3,6 милијарди прегледи – за што? еден се запрашал, додека друг накратко коментирал: „Сериозно? Ова е сѐ?“.
Watch on TikTok
Можеби овој феномен е добар показател за чудните појави кои без никакво логично објаснување стануваат тренд на TikTok, кој е особено популарен кај помладата генерација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата