Техеран во изминатите денови е зафатен од смог.
Главниот град се наоѓа во јужното подножје на планините Алборз, кои се надвиснуваат над градот и го задржуваат загадениот воздух.
Локалните медиуми јавија денеска дека квалитетот на воздухот во Техеран достигнал „нездраво“ ниво, со просечен индекс на квалитетот на воздухот (AQI) од 170.
Сите музеи и банки, освен неколку специфични филијали, се затворени во главниот град на Иран.
Загадувањето влијаеше и на другите големи градови, вклучувајќи го Исфахан во централен Иран и Табриз на северозапад.
Ахваз на југозапад, исто така, се соочува со високи нивоа на загадување, како што објави државната телевизија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата