logo
logo
logo

Во посета на Бигорски манастир митрополитот Илија и православни верници од Финска

Vecer | 15.05.2024

Во посета на Бигорски манастир митрополитот Илија и православни верници од Финска

- Младите поклоници дојдоа од разни места на епархијата на митрополитот, којашто се наоѓа во северниот дел на Финска. Тие ја избраа Бигорската Обител, за да се запознаат со монашкиот начин на живот. За време на престојот имаат можност да се запознаат со мисијата и со секојдневието на нашето братство, препознавајќи го автентичниот дејствителен православен дух на нашиот старец и игумен, епископ г. Партениј, и на монашките заедници под негово духовно раководство, информираше за МИА, отец Крил.

Посебно срдечна била срдбата со владиката Партениј, со кого разговарале за историјата на манастирот и за монашкиот живот. 

-Всушност, желбата да се сретнат и да поразговараат со него им беше главната цел заради која допатуваа дури дотука. Одговарајќи со родителска љубов на нивната добра желба, старецот од срце им говореше за благодатниот живот во Христа, споделувајќи со нив примери од своето лично искуство. Тој исто така, им кажа прекрасни видувања и искуства за монашкото жителство. Младите со внимателност го слушаа и му поставуваа прашања, видно допрени од неговите топли и полни со доживеана мудрост зборови, додава отецот. 

Заедно со нив се и јероѓаконот и епархиски секретар Артури Хирвонен и учителот по црковна музика, хорархот протопсалт  Маркус Хаенинен. 

Според отец Кирил, автономната црква на Финска брои околу 56.000 православни христијани. Составена е од три епархии, на чело со архиепископот г. Лав. Карактеристично и за пример е тоа што црквата е една, а во неа се црквуваат верници што зборуваат различни јазици, а со тоа и богослужбите се извршуваат на разни јазици, како: фински, руски, шведски, сами(лапонски), грчки и романски. Изминатото лето Црквата на Финска прослави 100 години од добивањето на томосот за автономија во 1923 од страна на Вселенската патријаршија, а на прославата присуствуваше и самиот патријарх г. г. Вартоломеј. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk