Оваа иницијатива е промовирана од граѓанската листа „AIxRoma“, односно италијанската алтернатива за Рим, која е игра со зборови бидејќи АИ е акроним за вештачка интелигенција.
Франческа е првата италијанска виртуелна инфлуенсерка со сертификат „Мета“, таа го добила името по Франческа на Данте, а нејзиниот изглед е создаден од мешавината на италијанските филмски икони Софија Лорен и Моника Белучи сметаат дел од медиумите.
Франческа Џубели, веќе позната на социјалните мрежи по нејзините интервенции поврзани со граѓански, технолошки и културни теми, беше развиена пред две години со идеја вештачката интелигенција да се стави во центарот на политичката дебата.
Таа самата ја објави својата кандидатура на своите профили на социјалните мрежи: „Ова не е само дигитален експеримент, туку платформа за активно граѓанство што ќе биде отворена за професионалци, млади луѓе, како и културни и општествени настани кои ќе придонесат за подобра визија за Рим во следните две години“.
Нејзините креатори, веруваат дека вештачката интелигенција, доколку се користи на компетентен и етички начин, може да понуди побрзи, пообјективни и ефикасни решенија за јавната администрација, препознавајќи ги потребите на граѓаните и предлагајќи алтернативни решенија засновани на анализа на податоци и повратни информации од корисниците.
„Ја создадовме Франческа со намера да ја подигнеме свеста кај нашите граѓани за потребата од вештачка интелигенција. Сакаме да покажеме дека вештачката интелигенција може да ни помогне да ги разбереме потребите на граѓаните и да предложиме конкретни решенија“, истакнал еден од нејзините создавачи Белмонте.
Кандидатурата на Франческа веднаш покренала жестока дебата. Од една страна, има оние кои ја гледаат оваа иницијатива како можност за иновации во политиката преку искористување на способноста на вештачката интелигенција да анализира големи количини на податоци и ефикасно и непристрасно да развива предлози. Од друга страна, не недостигаат грижи за етиката и улогата на човечкиот елемент во управувањето со капиталот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата