logo
logo
logo

Земјата денеска може да биде погодена од геомагнетна бура

Vecer | 01.12.2023

Земјата денеска може да биде погодена од геомагнетна бура

Американската национална управа за океани и атмосфера (NOAA) објави дека во текот на денот планетата Земја би можела да биде погодена од геомагнетна бура со голема јачина, што е резултат на ерупција на огромно количество соларен материјал на површината на Сонцето, пренесе американската телевизија Си-Ен-Би-Си (CNBC).

Американската вселенска агенција (НАСА) се приклучи кон ваквите проценки што наведуваат дека сончевата бура наречена „Канибал“ е многу моќна и може да предизвика прекин на радио комуникациите како и необични појави на поларната светлина на земјата.

Експертите на НАСА тврдат дека овој феномен на зрачење енергија поради експлозија на Сонцето ќе трае околу 15 часа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk