Полет боледувала од Алцхајмерова болест, а нејзиниот сопруг Марсел секојдневно се грижел за неа. Ја оставил сама неколку минути на 2 ноември 2020 година, кога излегол во дворот да ги закачи алиштата да се исушат, пишува „Дејли мејл“.
Полет во тоа време гледала телевизија, но кога се вратил, ја немало. Откако ја пребарал целата куќа и околината и тропнал на вратите на соседите, Марсел повикал полиција.
Следела масовна потрага која траела со недели, па дури и бил вклучен и хеликоптер, но Полет била пронајден дури во 2022 година. Потоа, соседот на Марсел и Полет го пребарал Google Street View и пронашол снимка од Полет од денот кога исчезнала, снимена од автомобил кој случајно поминал низ нивната улица токму во тој момент.
Се гледа како таа излегува од улицата и го поминува патот, додека Марсел закачувал алишта од другата страна на куќата. Инспекторите потоа ја следеле патеката што ја поминала Полет на фотографијата и конечно го пронашле нејзиното тело во густа шума што води на стрмниот рид.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата