logo
logo
logo

Жена слетала од пат и 6 дена останала заробена во автомобилот- никој не ја слушнал (ВИДЕО)

Vecer | 13.03.2025

Жена слетала од пат и 6 дена останала заробена во автомобилот- никој не ја слушнал (ВИДЕО)

Бриона Касел била пријавена за исчезната, но всушност била заробена во автомобилот што го возела цело време, со повреди на ребрата, рацете и нозете.

Несреќа на депонија

Властите соопштија дека Касел била пронајдена откако неименуван маж забележал паднато возило надвор од коловозот, во близина на локалната депонија во Њутон.

Касел била свесна и му кажала на својот спасувач што се случило. Таа била единствената во автомобилот и шест дена чекала некој да ја извлече.

Веднаш била префрлена во болница, каде што повторно била споена со семејството. Таа била сериозно дехидрирана, а лекарите ѝ констатирале скршеници на екстремитетите и закажале итна операција.

„Таа сакаше да остане жива“

„Нејзината перспектива за закрепнување е добра, но има долг пат пред неа“, соопшти Канцеларијата на шерифот на Њутн.

Таткото, Делмар Колдвел, открива дека Касел слушала автомобили кои поминуваат и дека таа повикувала на помош, пренесува NBC News.

Мајката Ким Браун вели дека преживеала така што го натопила својот дуксер во мал поток зад уништеното возило.

„Таа ја цицаше натопената крпа и доби течност. Издржа. Сакаше да остане жива“, рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk