logo
logo
logo

Здруженијата на децата бегалци бараат нивниот осквернавен споменик да се врати во првобитната состојба

Vecer | 13.04.2025

Здруженијата на децата бегалци бараат нивниот осквернавен споменик да се врати во првобитната состојба

Македонско Патриотско Здружение В’мбел Егеј преку Фејсбук се обрати со своите членови, симпатизери, поддржувачи.

Сакаме да ве информираме дека нашето здружение во координација со останатите здруженија на македонците по потекло од егејскиот дел на Македонија во изминатите неколку дена контактираше со највисоките државни органи во врска со вандалскиот чин извршен врз споменикот симбол на нашата голгота.

Добивме цврсти уверувања од Премиерот на Република Македонија Проф. Христијан Мицкоски и министрите за внатрешни работи и култура Панче Тошковски и Зоран Љутков дека ќе сторат се во најбрз можен рок да се обнови комплетно споменикот и да се казнат виновниците за неговото сквернавење. Егејот е душата на Македонија, велат од Македонско Патриотско Здружение В’мбел Егеј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk