Еден од лидерите на ВЛЕН во владеачката коалиција, Изет Меџити, при своето гостување на Алсат детално објасни што се случува, и што следи, во колацијата ВЛЕН во врска со смената на министерот Таравари и неговото враќање кај Али Ахмети и ДУИ.
1. Меџити: Поголемиот дел од Алијансата против враќање кај ДУИ, вклучувајќи го и Арбен Фетаи и пратеници
Првиот заменик-премиер на Македонија, Изет Меџити, ги коментираше последните случувања во рамките на Алијансата за Албанците, нагласувајќи дека во партијата се води силна дебата и дека мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на лидерот Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да ѝ се приближи на ДУИ и Европскиот фронт.
„Во рамките на Алијансата на Таравари има жестока дебата, каде што огромното мнозинство не се согласува со својот лидер за да се вратат во канџите на ДУИ и Европскиот фронт, туку ќе останат во Владата,“ изјави Меџити во интервју за централниот дневник на Алсат М.
Тој ја оцени одлуката на Таравари како „необјаснива“ и „нетранспарентна“, алудирајќи дека можеби е донесена под притисок или уцена и дека не го претставува вистинскиот став на членството на Алијансата за Албанците.
Во својата изјава, Меџити го спомена и заменик-премиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, за кого рече дека му е потребен на Владата и изрази надеж дека ќе остане на својата функција. „Покажа транспарентност и капацитет за да управува соодветно,“ додаде Меџити.
2. Меџити најавува промени во Собранието: Четворица пратеници од Фронтот ќе ѝ се приклучат на Владата
Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, изјави дека политичките случувања во земјава се дури на почетокот и дека промените во парламентарниот состав многу брзо ќе станат видливи.
Во интервју за централниот дневник на Алсат М, Меџити нагласи дека коалицијата ВЛЕН нема да остане само со девет пратеници, најавувајќи дека четворица пратеници од Европскиот фронт се на прагот да го напуштат тој блок и да ѝ се приклучат на владејачкото мнозинство.
„Движењата започнаа и во наредните денови ќе се види дека ситуацијата не е таква. ВЛЕН нема да биде со 9 пратеници. Точно е дека 4 пратеници од Фронтот ќе го напуштат Фронтот и ќе ѝ се приклучат на Владата,“ изјави Меџити.
3. Меџити: Позициите на ВЛЕН во Владата се загарантирани, не зависат од бројот на пратеници
Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, потенцираше дека застапеноста на Албанците во Владата не е условена со бројот на пратеници, туку со политичкиот договор што го има склучено коалицијата ВЛЕН.
Во интервју за централниот дневник на Алсат М, Меџити изјави дека сите позиции што ѝ припаѓаат на ВЛЕН во владеењето ќе останат таму, без разлика на можните промени во парламентарниот состав.
„Она што е на ВЛЕН, ќе остане на ВЛЕН. Кога ја формиравме Владата, не се водевме од бројките, туку од уделот на Албанците. Независно колку пратеници има ВЛЕН, сите позиции ќе останат на ВЛЕН,“ изјави Меџити.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата