logo
logo
logo

Мицкоски со порака по смртта на папата Франциск

„БЕШЕ ГЛАС НА СОВЕСТА ВО ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ, континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија“

Vecer | 21.04.2025

„БЕШЕ ГЛАС НА СОВЕСТА ВО ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ, континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија“

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека со длабока тага ја примил веста за смртта на Неговата Светост, папата Франциск – духовен водач кој зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.

Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст.

Папата Франциско низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија – за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите. Неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит.

Во мое лично име, во име на Владата и на граѓаните, упатувам најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат.

Вечна му слава и благодарност“, се вели во пораката на Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk