logo
logo
logo

„100 МИЛИОНИ ЕВРА во време на Ковид ЗАВРШИЛЕ ВО ФИРМИ БЛИСКИ ДО СДСМ И ДУИ“

Vecer | 01.08.2024

„100 МИЛИОНИ ЕВРА во време на Ковид ЗАВРШИЛЕ ВО ФИРМИ БЛИСКИ ДО СДСМ И ДУИ“

100 милиони евра за наводна помош на компаниите, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари е само уште еден доказ за ограбена држава. Според власта на СДС и ДУИ, уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор требаше да биде е погодна за 87 отсто од компаниите. Но каде завршуваа парите вели Марија Митева портпарол и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Митева истакна дека најверојатно се мислеше на ИГМ Еленица која беше едно од претпријатијата добитник на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од корона вирусот.

 Со акционерското друштво управува Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, додека Вице Заев, братот на тогаш актуелниот претседател беше Член на Управниот одбор. Вака завршуваа парите од т.н државна помош.

Дополнително, дека мерките не вродија со плод говори и фактот на бројот затворени фирми во пост ковид годините, 2021 и 2022 година. За овие две години вкупно се затвориле близу 14.000 фирми.

Па тука сосема логично се поставува прашањето, каде завршија 100 милиони евра државна помош за компаниите ако имаме вакви статистики и бројки кои го покажуваат спротивното? СДС и ДУИ манипулирајќи на овој начин со години ја трошеа државната каса за свои приватни цели. Суровоста на математиката го потврдува тоа, а фактите се следни: наместо за народот, парите завршуваа кај фирми блиски до власта на СДС и ДУИ. За ова одговорност мора да има, изјави Митева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk