Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 нема одговор, ниту ќе го има - зошто партијата не им ја бива. Без грам совест и некакво извинување, покајание, таа обвинува за лоши економски параметри за кои знае се виновни токму СДСМ и ДУИ. На прашање зошто сево ова не се рефлектира на рејтинзите, потпретседателката на СДСМ вели дека таа лично не би говорела за рејтинзи.
Ниту збор за 75 загинати и изгорени луѓе во случаите Беса Транс, Дурмо турс и Модуларната болница во Тетово, ниту посочи зошто никој не одговарал досега - ни правно, ни законски, ни политички.
Зошто СДСМ не ги бива? Знаеме. Зошто нема да ги биде, прочитајте...
Во однос на неодамнешните внатрепартиски избори на кои ново-стариот претседател Венко Филипче беше реизбран со 18.000 гласа, што е далеку помал број од изборот на Зоран Заев со 59.000, а по него и на Димитар Ковачевски со 37.000 гласа, потпретседателката Костова вели дека со овозможувањето на непосредни избори, на кои членството си го избира лидерот, покажале дека „овој демократски чин е нешто невидено за останатите партии во земјава“. На новинарско прашање – зошто не успеале барем да се доближат до бројките од изборот на Ковачевски ако не на Заев, таа одговара:
„Ние сме задоволни со тоа што сите регистрирани членови покажуваат своја активност и покажуваат дека и процесот на консолидација е финиширан и дека довербата се враќа помеѓу членовите. Постои и голема можност за потенцијал и работа, а таа работа прво ќе се види од најосновните клетки на партијата, од месните и општинските организации и сите оние средби со граѓани и поддржувачи преку кои понатаму ќе се шири оваа нова возобновена доверба во СДСМ“.
На новинарска забелешка дека во јавноста се слушаат критики дека СДСМ е слаба или млака опозиција, Костова негира и вели дека тие секојдневно зборуваат и алармираат за случувањата во земјава и за „лошата состојба во која Македонија се наоѓа на секое поле“.
„Зборуваме и за ситуација во која по економските параметри се забележуваат големи недостатоци и пад на економијата. Станува збор за мали плати, вртоглави раст на цените на основните продукти и трошоците за живот, одбивање од владејачкото мнозинство да преземе што било за да пораснат платите и да се подобри квалитетот на животен стандард. Зборуваме и за услови во кои на надворешен план гледаме дека освен скапо платените, од граѓански пари, екскурзии и шетања по детски градинки и скапи ресторани, немаме никаков ефект или не гледаме никаков ефект од таквите скапи екскурзии и фотосесии во странство. Земјата е извадена од европскиот колосек“,коментира Костова.
На прашање зошто сево ова не се рефлектира на рејтинзите, потпретседателката на СДСМ вели дека таа лично не би говорела за рејтинзи, но оти СДСМ и во вакви услови е единствениот сериозен политички субјект кој настапува одговорно и нуди алтернатива на сите погрешни решенија кои се носат од владејачкото мнозинство, како и сериозна прогресивна агенда која нуди алтернатива за лошите политики.
„За разлика од ДПМНЕ кои кога беа опозиција користеа само зајадливи забелешки, цинизам и голо критизерство, кај нас нема критизерство, ние критикуваме, но и нудиме решенија. СДСМ и во овие тешки моменти е единствениот политички субјект кој нуди сериозна прогресивна агенда, кој нуди алтернатива за лошите политики и единствениот политички субјект кој настапува согласно на оние наши принципи на работа кои ни се добро познати, конструктивно и борбено и оттаму кога зборуваме за познатата сдсмовска борбеност, мене ми е нејасно како некој од моите поранешни сопартијци трчаат во скутот на еден потпросечен политичар како Христијан Мицкоски, зашто сдсмовската борбеност налага да се одважиме и спротивставиме на деструктивните политики на владејачкото мнозинство. Тоа ние и го правиме“,порача Костова.
Ниту збор за 75 загинати и изгорени луѓе во случаите Беса Транс, Дурмо турс и Модуларната болница во Тетово, ниту посочи зошто никој не одговарал досега - ни правно, ни законски, ни политички
Кристина Костова, една од потпретседателките на СДСМ, во интервју за „360 степени“ прашува зошто министерот за внатрешни работи не поднесе оставка и како е можно во опсежната истрага за пожарот во Кочани да не бидат опфатени припадници на МВР кои биле на позиции и на служба на денот на трагедијата.
Според неа, истрагата она што го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага којашто оди во насоки во коишто бега од оние што се директно одговорни по закон.
Околу забелешката дека дури 52 лица се осомничени и дека веројатно досега немало случај со толку обемна истрага во смисла на опфат на осомничени, таа вели дека бројките кажуваат едно, но фактичката состојба и она што законите го налагаат, кажуваат друго.
-Има закони според кои јасно е пропишана одговорноста на функционерите во МВР, и тоа функционери во различни делови и оддели во МВР – дали се тоа СВР Штип, ОВР Кочани, Биро за јавна безбедност, самото Министерство за внатрешни работи, кои морале да постапуваат вечерта кога се случила таа најголема и најстрашна трагедија од осамостојувањето до денес, а за кои гледаме дека се исклучени и сè уште се исклучени од истрагата. Станува збор за лица кои во согласност со своите работни активности, одговорности и функции кои ги носеле како началници и слично, имале одговорност, меѓу другото, да направат план за постапување за таков голем настан. Исто така, имале одговорности и да го обезбедат настанот со соодветен број полицајци, полициски службеници, но и со, на пример, ако постапеле соодветно на законските одредби, ќе имало присуство и на противпожарна бригада, ќе имало присуство и на Брза помош и доколку тие постапеле во согласност со, значи зборуваме за началниците и за функционерите во различните структури на МВР, актуелни на денот кога се случило несреќата, доколку тие постапувале согласно законските одредби, тогаш голема била веројатноста да се намали размерот на оваа трагедија, па дури можеби и да се спречи или да се намали размерот на она што значеше толку голем број – 61 млад живот замина таа ноќ, вели таа.
Според неа клучен проблем е зошто Тошковски веќе четири недели по несреќата седи во фотелјата на министер за внатрешни работи и има можност да влијае на истрагата во насоки кои можеби му одговараат.
Околу работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, избран со гласовите на СДСМ и ДУИ, Костова рече дека тоа прашање треба да му се постави на Мицкоски.
-Како тоа Мицкоски, пред нешто повеќе од четири недели, заговараше улични притисоци и пресметување токму со лица од Јавно обвинителство, вклучувајќи го и именуваниот, за оддеднаш, откако се случи тоа, за 180 степени да се преориентира и одеднаш станува задоволен од начинот на кој Коцевски работи. На Мицкоски треба да му се постави прашањето дали неговото задоволство потекнува од тоа што истрагата не се води по текови кои одат во насока на нотирање, на детектирање на одговорните од МВР, оние кои по неколку ставки, по 7-8 ставки, се првично одговорни, за разлика од сите останати претставници на институции и сите претходни вршители на должности и функции во различните инситуции, порача таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата