Повеќе од 10 нови дестинации од Скопје кон Европа за само една година од мандатот на новата влада, што е битен исчекор во можностите како и подобра конкурентност на цените. Најновата е директна авио линија Скопје - Келн.
Wizz Air започна со продажба на билети за новата авиолинија Скопје – Келн, објави Александар Николоски на својот фејсбук профил.
Оваа авиолинија значи многу за развојот на туризмот, за нашата дијаспора и за развој на економијата и бизнисот.
Продолжуваме да го развиваме авиосообраќајот во Македонија
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата