logo
logo
logo

Таравари: Дваесеттина најтешко повредени од пожарот ќе се лекуваат во странство

Vecer | 16.03.2025

Таравари: Дваесеттина најтешко повредени од пожарот ќе се лекуваат во странство

Дваесеттина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство, изјави денеска министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип.

Според него, пациенти на лекување ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија.

– Според нашите анестезиолози, 18 до 20 пациенти ќе има потреба да ги транспортираме надвор од државата за понатамошно лекување за тие што се покритични. Им оставив на екипата анестезиолози да одредат каде сметаат дека би било најдобро за натамошен третман за покритичните пациенти, рече министерот.

Во Штипската болница биле хоспитализирани 39 деца, кои како што кажа Таравари, се во релативно добра состојба. Генерално биле со изгореници, но имало и со скршеници.

– Доколку има потреба да се пренесуваат до Клинички центар – Скопје, ќе интервенираме, истакна министерот.

Во Болницата во Кочани биле хоспитализирани 30 пациенти, во хирушките клиники во Клинички центар во Скопје се 31, во Градска хирургија 28 и во „8 Септември“ има 24 хоспитализирани. Повеќето од хоспитализираните, посочи, дека се многу млади.

Болниците, според Таравари, располагаат со медицински материјали, средства и лекови и на пациентите им се дава се што е потребно, а располагаат и со доволни количини крвни деривати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk