logo
logo
logo

СКОПЈЕ МЕЃУ ПРВИТЕ 10 ДЕСТИНАЦИИ за соло патувања, објави „GuruWalk“

Vecer | 17.06.2026

СКОПЈЕ МЕЃУ ПРВИТЕ 10 ДЕСТИНАЦИИ за соло патувања, објави „GuruWalk“

Нашиот главен град, Скопје се најде меѓу десетте најдобри градови во светот за соло патници, според најновото истражување на платформата GuruWalk.

Рангирањето е направено врз основа на резервациите за бесплатни пешачки тури во последните 12 месеци, при што бил анализиран уделот на туристите кои патувале сами во 150 популарни туристички дестинации ширум светот.

На врвот на листата се наоѓа Торонто во Канада, каде повеќе од половина од туристите – 50,5% – ги резервирале турите како соло патници. Зад него се Санта Ана во Ел Салвадор и Сао Паоло во Бразил, а во првите пет места се и Тајпеј и Куала Лумпур.

Скопје го освои осмото место на светската листа, што го прави еден од најатрактивните градови за самостојни патувања. Покрај македонската престолнина, меѓу најдобрите десет се најде и Белград, кој ја заокружува листата на најпосакувани дестинации за соло патници.

Ова признание претставува уште една потврда дека Скопје станува сè попривлечно за туристите кои сакаат сами да истражуваат нови дестинации, култури и локални приказни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk