Од денес треба да биде пуштена во сообраќај клучката Требеништа, со што се довршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево, објави вчера на својот Фејсбук профил министерот за транспорт, Александар Николоски.
„Интензивно и максимално посветено работиме да овој автопат биде навремено завршен. Работиме и сите населени места околу автопатот да бидат поврзани со автопатот преку соодветни пристапни патишта и клучки“, напиша Николоски.
Тој објави фотографии на кои се гледа дека на автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата