logo
logo
logo

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за научната дејност

Vecer | 02.06.2025

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за научната дејност

Владата најави двојно зголемен буџет за науката и научната дејност во Македонија.

Во моментот имаме два огласи кои ги објави Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно-истражувачки проекти и апликации, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на настан по повод 80 години од постоењето на Државен завод за статистика.

-Ги повикувам колегите од универзитетите да поднесат барање. Тоа е многу важно. Истовремено сакам да кажам дека вкупниот фонд за наука е зголемен од 5 ипол милиони евра во 2024-та година на 670-680 милиони денари, речиси двојно во 2025-та година. Тоа не е доволно, се разбира. Како човек од науката кој што доаѓа од УКИМ, велам дека не е доволно. Треба уште, но е подобро од тоа што беше во минатото. Се надевам дека во годините кои следат ќе имаме уште повеќе да понудиме за науката бидејќи науката е двигател на развојот на една држава, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk