logo
logo
logo

Косовари накитени со куп златни “кајли“ пробале шверц во Македонија, но фатени се.

Vecer | 17.06.2026

Косовари накитени со куп златни “кајли“ пробале шверц во Македонија, но фатени се.

На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари, откако открија двајца косовски државјани во обид да го криумчарат. златниот накит, четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама.

Осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката. Случајот е предаден на Одделението за истраги кое против сторителите поднесе кривична пријава до ОЈО Гевгелија.

„Ова е 11-та заплена на злато годинава од страна на Царинската управа, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на Богородица, пет на Меѓународен Аеродром Скопје, а по еден случај на Табановце и Блаце. Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик“, објави Царинската управа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk