Нов кружен тек ќе се гради во Кавадарци, каде што ќе бидат отворени комплексот Литл Америка и „Лидл“, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Посебна благодарност до „Лидл“ за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерната и функционална урбана средина – рече градоначалникот.
Тој истакна дека овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.
– Побрз сообраќај, поголема безбедност, подобра поврзаност. Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата за подобро секојдневие на сите – нагласи Јанчев.
Задоволство од реализацијата на новиот кружен тек изразија и претседателот на Советот на Општина Кавадарци и претставник од компанијата „Лидл“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата