Тригодишно девојче со тешки повреди било пренесено на лекување во болница здобиени во несреќа со лифт во зграда во скопско Радишани.
„ Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22.08.2026 околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје, Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот. информираат од МВР за инцидентот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата