logo
logo
logo

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ПРЕПОРАКИ: Од утре високи температури

Vecer | 07.08.2025

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ПРЕПОРАКИ: Од утре високи температури

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13 август, 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39°C.

По тој повод, од МЗ потсетуваат за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:

• Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.• Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.• Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.• Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.• Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.• Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.• Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.• Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.

Министерството внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk