Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари преку објава на Фејсбук порача дека „никогаш не чувствувал лакомост за власта“, иако признава дека „е тешко да ѝ се одолее“.
Тој истакна дека за него „политиката секогаш била и ќе остане едноставна формула: што правиме за народот, а не што правиме за себе и за тесниот круг околу нас“. Ова го објави ТВ Алсат.
Натаму телевизијата истакнува:
„Ова беше системот, што ја парализираше нашата заедница и затоа категорично не смееме да го повториме.“ – напиша Таравари, додавајќи дека „проблемите во системот не се само прашање на имиња, туку на групации и менталитети“.
Тој апелира за „суштинска промена во политичкиот пристап“ и ја нагласува „опасноста од неуспехот да се направи таа промена“, нагласувајќи:
„Можеме да останеме со истите имиња, но мора да го смениме менталитетот, инаку повторно ќе паднеме во кругот на незаслужени придобивки, што поедноставено значи: ќе го потпираме нашиот грбник врз грбникот на народот.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата