logo
logo
logo

ВРЕДИ ПРЕЦИЗНО кон ДУИ: Ваша инсталација е државниот обвинител Љупчо Коцевски

Vecer | 13.04.2025

ВРЕДИ ПРЕЦИЗНО кон ДУИ: Ваша инсталација е државниот обвинител Љупчо Коцевски

Коалицијата Вреди го обвини ДУИ дека наводно, го „инсталирале“ државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во соопштение до медиумите оттаму велат дека „не сакаат ниту еден Албанец да биде виновен за колективната трагедија во Кочани“. На медиумите од „Вреди“ им го испратија предлогот за именувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски од страна на владата, а документот е потпишан од Артан Груби.

- Не сакаме ниту еден Албанец, без разлика на политичката припадност да биде виновен за човечки жртви. Искрено посакуваме сите сегашни и поранешни функционери Албанци да ја докажат својата невиност, во фер, транспарентна правосудна постапка која ќе биде базирана исклучиво на уставните принципи за неселективна правда, презумпција на невиност и еднаквост пред законите. Како што инсистираме и ќе се спроведе иста постапка за колективните трагедии со модуларната болница во Тетово, Дурмо турс и Беса транс. Правда мора да има за сите, или немаме повеќе државен систем туку анархија заради профит! Што се однесува до напорите на Али Ахмети и Зијадин Села да градат перцепција дека Албанците се жртви на Владата, сакаме да им порачаме дека се прочитани како буквар од прво одделение. Нив воопшто не им е гајле за грижите на Албанскиот народ, туку единствено им е во глава како да предизвикаат политичка криза. ДУИ знае дека на локалните избори ќе доживее катастрофа и затоа заговара нивен бојкот. На ова корумпирано раководство на ДУИ очајно им треба да предизвикаат предвремени парламентарни избори, за да има Пржинска Влада во која министерот за внатрешни ќе биде од редовите на нивниот поголем брат СДСМ. Тој да ги уништи доказите за криминалите. Нивните лажни солзи за Албанците се најголемото политичко лицемерие. Цело правосудство е полно со кадри од нивно време. Еве уште еден доказ. На 15 јануари 2024, Артан Груби и Кренар Лога, го предлагаат Љупчо Коцевски за Јавен Обвинител. (фото во прилог). Затоа, наместо да се обидуваат да манипулираат со чувствата на Албанците, нека одговорат дали е можно Љупчо Коцевски и Ислам Абази како нивни предлози сега да водат хајка или со политичките памфлети што ги пласираат си шутираат автоголови?, пишува во соопштението од Вреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk