logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев

Vecer | 03.04.2025

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Венко Филипче денеска на отворена сцена го фалеше Зоран Заев.

-Со други зборови тој кажа дека народот треба да му биде благодарен што Заев ја водеше држава, што го смени името, ја упропасти економијата, што СДС стана безгласна буква преку ДУИ, Артан и Ахмети.

Венко Филипче не чувствувал одговорност за модуларната болница, и кажа дека понудил оставка, а не кажа дека заеднички со Заев одлучија да продолжи да биде министер за здравство и оставката беше само блеф кој народот не ја проголта.

Венко Филипче е продолжение на црнилата, криминалот, предавствата и поразите на Зоран Заев.

Тој нема никаков кредибилитет. Тој е само чувар на фотелјата и продолжена рака на Зоран Заев, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk