logo
logo
logo

Истрага за пожарот во Кочани: Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири

Vecer | 12.04.2025

Истрага за пожарот во Кочани: Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири

Според информации на порталот 360 степени, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. Деветнаесет од нив се приведени или се приведуваат. Од нив за еден е утврдено дека не е во земјава. Станува збор за Дритон Кучи, исто така поранешен министер за економија како кадар на ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка

Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.

Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“ од извор во истрагата. 

Според начинот на кој Обвинителство ја води истрагата, сомневањата се дека во Министерство за економија и во ДЗС, но не и кај раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), постои причинско-последична врска од 2012 г. до моментот на пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

Според нашите информации, сите што биле министри за економија и директори на ДЗС од 2012 година, вклучително и актуелниот директор на ДЗС, се уапсени. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши не е осомничен.

Од Јавното обвинителството потврдуваат дека во тек е акција за приведување повеќе лица во врска со пожарот во Кочани.

„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституции ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“, соопштија од Обвинителството.

Во ОЈО Кочани во тек е истражна постапка во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март.

За трагедијата во т.н. кабаре во Кочани, локалното Основно јавно обвинителство отвори истрага против вкупно 27 физички и три правни лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk