Агенцијата за управување со одземен имот во повторена постапка ќе се обиде да продаде дел од конфискуваниот имот на екс шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
Овој имот на улицата Тодор Александров е сместен во комплексот „Панорама резиденс“ на Водно - Скопје и запленет во предметот „Империја“, во кој Мијалков беше обвинет за перење пари, а во текот на судската постапка спогодбено призна вина и доби три години затвор.
На огласите објавени на 4 декември, Агенцијата по втор пат ќе продава на три различни јавни наддавања вкупно шест недвижнини запленети од Мијалков – по еден апартман и една помошна просторија. Вкупната површина на становите изнесува 554 квадратни метри додека на помошните простории 191 квадратен метар.
Продажбата на конфискуваниот имот ќе биде преку електронско јавно наддавање со почетна продажна цена утврдена од Бирото за процени при Министерството за правда.
Вкупната сума на трите предвидени продажби изнесува приближно 1.843.000 евра и тоа е минимален стартен износ кој Агенцијата ќе го обиде оствари, доколку постапката биде успешна. Парите од продажбата ќе завршат во државниот буџет.
Недвижниот имот на Сашо Мијалков кој се продава сега беше запленет во средината на 2022 година.
Повеќе на овој ЛИНК
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата