logo
logo
logo

ИМАМЕ СИГУРНА ОДЛУКА ДЕКА ОДИМЕ СО ПОСЕБНИ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ, рече Таравари кој очекува средба со премиерот Мицкоски

Vecer | 29.04.2025

ИМАМЕ СИГУРНА ОДЛУКА ДЕКА ОДИМЕ СО ПОСЕБНИ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ, рече Таравари кој очекува средба со премиерот Мицкоски

Министерот за здравство и лидер на едно крило од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари тврди дека е во редовна комуникација со премиерот Христијан Мицкоски. Тој очекува дека ќе се одржи најавената средба по завршувањето на службеното патување на премиерот.

-Штом се врати ќе се видиме ќе разговараме, инаку имаме комуникација со него. Тоа што го кажал господинот Николоски, јас сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад, за сето друго сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори – изјави Таравари.

Изјавата на Таравари следи по вчерашните пораки на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиер и министер за транспорт и врски, Александар Николоски за 360 степени, каде неговата евентуална соработка со ДУИ ја оцени како политичко самоубиство.

-Јас можеби најмногу од сите што сме во постојнава влада сум го критикувал, но ако тоа го тргнеме настрана, факт е дека тој е политички искусен и не мислам дека е до толку, ај сега обратно да кажам – наивен, да влезе во соработка со ДУИ. Мислам дека малку и јавноста го потценува и не очекувам дека ќе направи чекор каде што политички би се самоубил. Би бил изненаден да покаже таква политичка наивност, изјави Николоски.

Николоски изјави и дека партијата и понатаму ќе се држи до ветувањето дека ДУИ за време на нивниот мандат ќе остане во опозиција.

Реакција денеска стигна од Мала Речица. Изјавите на Николоски ги оценија како омраза кон ДУИ и кон Албанците, кои како што велат, имале цел да создадат марионетска албанска структура под целосна контрола, мотивирана од геополитички, антиевропски и шовинистички цели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk