Анализиравме четири ланци на маркети и цени на 55 производи. Врз основа на споредбата која ја направивме на цените од 1-ви февруари и 1-ви април дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е отприлика за 0,4%, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
- Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредени производи кои што ги зголемиле своите цени за неколку проценти, да бидам попрецизен за двоцифрен број на проценти, над 10%. Кога станува збор за профитните маржи можам да кажам дека тие се намалени споредбено со 1-ви февруари. Тогаш просечните профитни маржи биле нешто над 15%, според нашите калкулации, сега на 1-ви април се под 15%, мислм 14,7%. Во моментов размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за граѓаните за одредена група на производи каде имаме двоцифрен број на проценти зголемување и наскоро ќе излеземе со таков став, рече Мицкоски.
Премиерот посочи дека има и производи кои се поевтинети.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата