Жителите на Кавадарци и Неготино денеска добија препорака да не ја конзумираат водата од чешма без претходно превривање. Како што информираат од локалните комунални претпријатија, обилните дождови предизвикале заматување на изворите „Лукар“, од каде овие градови се снабдуваат со вода за пиење.
„ЈП Комуналец Кавадарци ја следи состојбата и будно го контролира квалитетот на водата. Штом состојбата се стабилизира, граѓаните ќе бидат навремено информирани“, стои во официјалното соопштение. Сличен апел упатија и од јавното претпријатие во Неготино.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата