logo
logo
logo

Мицкоски за одговорноста за Кочани

ТОА ШТО МИСЛИ СДСМ Е ЕДНА РАБОТА, ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ - ЌЕ ВИДИМЕ НА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Vecer | 14.06.2025

ТОА ШТО МИСЛИ СДСМ Е ЕДНА РАБОТА, ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ - ЌЕ ВИДИМЕ НА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не сака да коментира за обвинението поврзано со случајот во Кочани и повиците од СДСМ за негова политичка одговорност. Тој оцени дека станува збор за политички пораки од опозицијата и најави дека граѓаните ќе го дадат својот суд на претстојните локални избори.

Мицкоски е подготвен да ја напушти функцијата, ако ги изгуби локалните избори. Ова тој го соопшти во одговор на новинарско прашање како ги коментира барањата за негова оставка од СДСМ поради трагедијата во Кочани.

-Не сакам да коментирам, цело време се трудам да не ја коментирам работата на обвинителството. Во суштина, генерално станува збор за политички пораки кои што доаѓаат од опозицијата. Одговорноста ќе ја видиме по три-четири месеци, на локалните избори граѓаните ќе кажат што мислат, изјави Мицкоски по отворањето на манифестацијата „Од нива до трпеза“ што се одржува денеска во Скопје.

Тој истакна дека не очекува граѓаните да го поддржат ставот на СДСМ, оценувајќи дека нивните обиди за политички поени ќе им се вратат како бумеранг.

-Тоа што мисли СДСМ е една работа, а тоа што мислат граѓаните ќе го видиме многу скоро на избори. Така што, доколку граѓаните сметаат дека јас треба да заминам и да сносам политичка одговорност, уште истиот ден тоа ќе го направам, нема да чекам како што тоа беше во 2021 година. Но, знам дека граѓаните не го делат истото мислење со СДСМ и останатите кои што се обидуваат пркеу некрофилска кампања да добијат политички поен, мислејќи дека така и мене лично и на владата ќе им нанесат штета, мислам дека тоа им се враќа како бумеранг, рече премиерот.

Обвинителството вчера поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца. На обвинетите им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk