logo
logo
logo

СДСМ СЕГА СЕ КАРА СО ДРЖАВИ, откако се скара со сопартијци, медиуми и новинари

Vecer | 16.04.2026

СДСМ СЕГА СЕ КАРА СО ДРЖАВИ, откако се скара со сопартијци, медиуми и новинари

Пи-арот на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, го насочи СДСМ и Венко Филипче да се фокусираат на избори во друга држава, наместо да прават реформи во партијата, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Нелегитимноста на СДСМ, слабиот рејтинг на Филипче и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДСМ и Филипче да водат антидржавна политика која не им оди во прилог – рече Петрушевски.

СДСМ и Филипче се толку фокусирани и насочени на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои 1 процент процент од гласовите, и не си го гледаат сопствениот двор кој им е несреден и полн со паразити, додаде Петрушевски.

– СДСМ и Филипче успеаја да се скараат со нивни сопартијци, медиуми, новинари, а сега се обидуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во Македонија. Овие антидржавни политики кои Заев им ги предава, а тоа е преточено во соопштенијата и прес-конференциите напишани од Башановиќ и Шчекиќ, не им носат добро, туку им прават да бидат опозиција која на следните избори ќе освои помалку од 100.000 гласови – рече пратеникот Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk