logo
logo
logo

Касами: Ахмети треба да одговара за она што им го направи на Албанците

Vecer | 13.04.2025

Касами: Ахмети треба да одговара за она што им го направи на Албанците

ДУИ уште го нема дадено одговорот на 20 години коруптивно, криминално владеење со државата и непретставување на Албанците. Сметам дека комуникацијата со ДУИ би била можна откако таа партија ќе даде отчет и ќе се реформира, вели Биљал Касами, претседателот на БЕСА.

-Значи, јас сум го кажал тоа неколку пати. Јас ценам дека Али Ахмети треба да одговара за тоа што им го направи на Албанците, за злоупотребата на позициите на неговите функционери, на неговите блиски членови на фамилијата. ДУИ треба длабоко да се реформира, па од после треба да видиме за можни канали на комуникација, вели Касами.

Во однос на тоа што всушност бара Таравари, а што е прифатливо за ВЛЕН кога станува збор за распределбата на градоначалничките места и советничките листи, претседателот на БЕСА вели дека не е тоа причината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk