logo
logo
logo

Ова е црно на бело: СУДЕЊЕТО НА ЖАН МИТРЕВ Е СУДЕЊЕ НА ЗДРАВИОТ РАЗУМ И СУДЕЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ

Vecer | 08.05.2025

Ова е црно на бело: СУДЕЊЕТО НА ЖАН МИТРЕВ Е СУДЕЊЕ НА ЗДРАВИОТ РАЗУМ И СУДЕЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ

Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и клиниката Жан Митрев продолжува од почеток и веќе се одржани неколку рочишта со видео презентација на претходните сведочења предложени од обвинителството, вкупно околу 15 сведоци и јавноста, уште еднаш, но сега без атмосфера на уличен притисок од “невладините“ на СДСМ и ДУИ и нивните портали и медиуми – да види во мирна атмосфера дали имало измама во примената на методот хемофилтрација, прочистување на крвта од бактерии и вируси, кај болните од Ковид 19 кои се лекувале во клиниката Жан Митрев.

Во Кривичниот законик е дефинирано што е кривично дело:

Член 11

(1) Кривично е одговорен сторителот кој е пресметлив и што кривичното дело го сторил со умисла или од небрежност и притоа бил свесен или бил должен и можел да биде свесен за забранетоста на делото.

Член 13. Умисла:

Кривичното дело е сторено со умисла кога сторителот бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување или кога бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување.

Што е Измама според КЗ:

(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Дали пацентите лекувани од Ковид 19 во Клиниката Жан Митрев врз кои само во критични случаи е применуван методот на хемофилтрација се измамени, и тоа лично, од кардиохирургот Жан Митрев кој е и управител на Клиниката?

За лична измама неопходно е да постои личен контакт кога една страна нешто нуди за надомест а другата прифаќа и притоа е доведена во заблуда или со лажни податоци или со факти дека понудувачот нуди нешто што го нема или е забрането.

Не треба да се биде правник за да се изгради став кога од досегашното судење е видно, и фактички внесено во записник на судењето, следното:

1. Ниту еден сведок не изјави дека имал личен контакт од било кој вид во кој Жан Митрев персонално му давал информации и насоки за примена на хемофилтрација и го убедувал тоа да го прифати.

Напротив, има сведоци, како клучниот сведок Мелита Брезова од Велес во чиј случај во Жан Митрев се лекувале пет члена од нејзиното семејство, дека се согласиле и самите барале хемофилтрација бидејќи од други и нивно искуство дознале дека таа има позитивен ефект во лекувањето.

Лично, Мелита Брезова, барала за себе хемофилтрација но била одбиена бидејќи нејзината состојба не била критична. Од уплатениот аванс за лекување со хемофилтрација од 30.000 евра вратени им се 24.000 евра на семејството. Измамник не враќа пари што веќе ги добил на сметка.

„Никола го примија на 24 март 2021 година во болницата Жан Митрев, тој си отиде спремен со пари во него за пакетот 12.000 евра, ова ни го кажаа и по телефон за да прашам дали имаат место, но и си го знаевме, бидејќи иста беше постапката и за свекорот. Кога го примија првите денови беше навистина добар, Ви предочувам и пораки од комуникација која ја имав постојано со него, и тој навистина се чувствуваше добро.

На 27 март 2021 година, се сеќавам дека ми се јави и ми рече дека ќе го стават на хемофилтрација, дека го преместиле во друга соба. Тој цела ноќ бил во исчекување дека ќе му направат хемофилтрација, но утредента ми рече дека е одлучено од конзилиум од лекарите да не му прават. Инаку Никола самиот веруваше дека хемофилтрацијата е многу добра, дури и во пораките ќе забележите дека ми пишува дека ќе сака да му направат хемофилтрација и вели дека на тие кои им прават побрзо се подигаат, така мислеше тој“.

Вака сведочела на судското рочиште, Мелита Брезова, сопругата на велешанецот Никола Брезов, чие семејство има поднесено тужба против болницата Жан Митрев за оштета и тоа за сите пари за лекувањето, а не само за хемофилтрацијата.

Починатиот Никола Брезов имал негативен тест на Ковид 19 по првата хемофилтрација но, по неколку дена добива илеус руптура на дебело црево, друга болест, по што е опериран поради оваа состојба а не поради Ковид 19.

Мелита Брезова лично проценила дека нејзиниот починат сопруг е измамен, иако споерд сведочењето тврди поинаку, иако таа немала контакт со Жан Митрев ниту доказ од било кој вид дека некој го измамил нејзниот сопруг.

2. Дали хемофилтрацијата била “непризнаена научна метода“, безмалку недозволена, како што тврдат “невалдините“ на СДСМ од ИРЛ во својата видео приказна објавена на МТВ после која, веќе наредниот ден, следи упад на институциите во Клиниката Жан Митрев, а потоа и обвинението.

Ниту е недозволена, а целосно е научно признаена. Во Европа, и САД таа се употребува при тешки комплилации на болните, особено со внатрешните органи, а се применувала и за време на Ковид 19 во Клиниката Аџибадем Систина и на располагање била во државните клиники и, на крај, постои видео со изјава на тогашниот министер Венко Филипче за состанок со приватните клиники при што, помеѓу останатото, е зборувано за хемофилтрација и изјава на министерот со препорака да се намалат цените на хемоифилтрација за да бидат достапни.

Дали Клиниката Жан Митрев направила нешто што другите не го применувале? Дали на пациенти им е применето нешто без нивна воља, свест и согланост по пат на лажна понуда или недозволена понуда? Секому од фактиве е јасно.

3. Се е јасно, но Обвинителството од само ним познати причини тогаш, а на јавноста познати потоа откако се појави албански купувач за Клиниката Жан Мирев по багателна цена и беше одбиен, Обвинителството поднесува – обвинение за измама, дали случајно токму пред да стаса “понудата“ за багателно купување на Клиниката Жан Митрев од албанскиот бизнисмен.

Креирано е обвиниението за измама така што обвинителката по допрен глас повикува големаа група пациенти и на групна средба се слуша како им вели тука имате измама кој сака да бара оштетно побарување нека остане да даде изјава, а потоа изјавите ги диктира групно на copy-paste текст на кој што дури и кога е потпишано женско лице текстот е како во машки род, или обратно, дека се чувствуваат за измамени и оштетени и бараат пари од Клиниката Жан Митрев.

Притоа од близу 300 наводно оштетени, само 15 се наведени во обвинението дека се измамени, а останатите близу 300 се наведени како оштетени со измама без да сведочат дека се измамени и во распит пред судот да се провери и утврди дали се – или не се измамени и оштетени.

Вон секоја правна норма е можност некое лице да биде оштетено од измама извршено врз трето лице. Или, да тужи трето лице за измама врз некој друг.

Вон секоја правна норма е некој да биде оштетен и да побарува износ за штета од лекување на починато лице без да има наследно решение дека токму тоа лице е наследник на евентуално такво право.

Обвинителот едноставно не дава докази дали навистина тие лица наследиле право на обесштетување, ги прифаќа за оштетена страна без доказ дека имаат правна позиција да се појават како оштетени. Ниту еден од оштетените, лично или негови роднини кои се појавуваат во судот или оштетеното барање не тврди, а оттааму не ни докажал, дека Жан Митрев на било кој начин личнио ги измамил.

А наводно измамените не бараат поврат само за хемофилтрацијата, туку за се платено на Клиниката, а некои од нив за 6.000 евра платени за хемофилтрација бараат 50-100.000 евра оштета заради “душевна болка“ иако се излекувани и живи.

И што сега? Каде е измамата, каде е улогата и извршувањето на “измаманиците“ каде се изјавите, или доакзите, дека некој вршел свесно дејство измама врз некого? Нема ништо од тое, а сите сведоци и докази на обвиниотелството поминаа пред судот.

Каде се “измамените“ од другите клиники кои применувале хемофилтрација, или само Клиниката Жан Митрев има вина за таа примена.

Првиот кардиохирург во Македонија, доктор Жан Митрев, е обвинет. Жан Митрев врши над 1.000 операции на срце секоја година со респективен успех од целиот регион, и се влече по судови што е загуба од 3-5 операции во секој судски ден а на операција на срце во Жан Митрев од целиот регион чекаат стотици луѓе.

Судењето, оттаму, на Жан Митрев не е само обичен судски процес, тоа е судење на здравиот разум кој се повеќе сознава што и зошто се случува, и судење на тие стотици кои чекаат операции на срце а Жан Митрев не може да им ги изврши бидејќи е на судење. А кога има судење, нема операции и животите им се загрозени. И тука кругот на јавен интерес и “вина“ на Жан Митрев се затвара.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk