logo
logo
logo

ДО ПОЧЕТОКОТ НА ЈУЛИ - КОМПЛЕТНА ЛИСТА СО КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Vecer | 14.06.2025

ДО ПОЧЕТОКОТ НА ЈУЛИ - КОМПЛЕТНА ЛИСТА СО КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Вчера на седницата која што ја имавме во Штип донесовме одлука за нови имиња на кандидати за градоначалници и според мое силно убедување идни градоначалници, реце претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

-Со овие нови имиња бројката е веќе 33 кандидати, во овој момент имаме дополнителни 17 мерења во општините и очекувам дека бројката ќе биде заокружена до крајот на првата половина од јули, со што практично сите општини ќе ги добијат имињата на кандидатите за градоначалници. Исто така делот од кандидатите кои што ќе ги поддржиме уште во првиот круг се кандидати од коалиционите партнери кои што доаѓаат од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и од внатрешната коалиција, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk